Достапни линкови

Албанските партии пробуваат да ја спречат појавата


Речиси секој ден имаме по некое убиство, киднапирање на луѓе а потоа за нивно ослободување истите се услоуваат со голема сума пари, оваа е последица на дејствувањето на криминални банди во поранешните кризни региони кои себеси се наркуваат како АНА. НАТО веќе го повика населението од Тетовскиот и Кумановскиот регион да обиваат да плаќаат рекет на криминалните групи, оценувајќи дека на тој начин во соработка со полицијата, овие групи ќе се обесхрабрат.

Албанските политички партии со став се обидуваме да придонесеме во спречувањето на ваквата појава.

Во ДУИ која е дел од владината коалиција велат го даваме максимумот во спречување на криминалните банди кои дејствуваа во поранешните кризни региони.

„Се ангажираме за што побрзо и поефикасно разрешување на ова прашање. Во политички аспект ние секако дека ги поддржуваме органите во борбата против овие појави на теренот,“

изјави портпаролот на партијата Ермира Мехмети која посочува дека друг проблем е тоа што на оваа партија не и се дава доволен простор за дејствување, односно со забелешка дека во безбедносните служби се вклучени мал број Албанци.

Опозицикската партија ДПА за ваквата појава ја обвинуваат актуелната власт. Владата е таа која треба да ги спречи криминалците а не политичките партии во земјава велат во ДПА.
XS
SM
MD
LG