Достапни линкови

Кој има права за музичките легенди?


Меѓу Соединетите држави и Европската Унија најверојатно ќе се појават трговски несогласувања за копирајт правата на музичките снимки. Прашањето е кој ке профитира во следниве 10 години од легендарните икони на поп – културата како што се Елвис Присли, Битлси и Ролинг Стонси.

За легендите снимени пред речиси педесет година на музичките пионери како Рој Орбисон, Битлси, Стоунси, Џони Кеш, Бади Холи најверојатно, наскоро ќе се води трговски спор меѓу Соединетите држави и Европската Унија. Станува збор за разликите во законската регулатива кога се во прашање заштитните права од нелегално копирање на насачите на звукот. Соединетите држави и Унијата на авторите, пишувачите на музиката им ги обезбедуваат правата на наплата од изведба на нивните песни додека се живи композиторите плус 70 години потоа парите одат во џебовите на наследниците. Разликите во двете законадавства се состојат во однос на заштитата на музичките компании. Така на пример во Европската Унија таа заштита трае 50 додека во Соединетите држави 95 години. што значи дека старите снимки на Боб Дилан. Елвис Присли, Ролинг Стоунси за некоја година ке бидат многу поефтини во Европа, додека во Америка за нив на компаниите ќе им се плаќа 45 години повеќе Во Европската Унија законите на земјите членки и на оние новите што доаѓаат се хармонизирани согласно минимум правилата на Светската трговска организација, вели Стефан Кравчук регионален директор за Источна Европа на Меѓународната федерација за фонографска индустрија.

„Според договорот на Светската трговска организација се предвидува заштита на фонографските производители и изведувачи од најмалку 50 години. Таков е случајот со Европската Унија.“

Со тие закони практично се отвора вратата овие како што ги нарекуваат ,,Златни старци,, на рокот, попот и џезот легално и поефтино да се репродуцираат во Европа. Многу и од она што досега било произведувано како пиратерија за наколку години ќе стане легално во Европа.
XS
SM
MD
LG