Достапни линкови

Обврска од рамковниот договор


Обврската од Рамковниот договор да се прецизира начинот на употребата на јазиците, Владата ќе ја спроведе со донесување на општ закон или посебни закони од пооделни области:

„Владата ќе ја согледа неопходноста од донесување на еден ваков посебен закон, дали може да се опфатат сите области кои се предмет на регулирање на рамковниот договор, за поефикасна примена на употребата на јазиците, со еден закон или со повеќе закони со кои се тргна уште со претходната влада или претходниот парламент, од делот на лична карта, сообраќајна дозвола до делот на матичната евиденција. Доколку во еден закон може да се овозможи реализацијата на одредбите на рамковниот договор, владата е подготвена за поддршка на таков закон,“

изјави еден од координаторите на владниот Акционен План за спроведување на Охрискиот договор, министерот за Локална Самоуправа Александар Гештаковски кој посочува дека Владата ќе остане доследна во имплементацијта на договореното во Охрид:

„Јасно конкретно и точно е уредена употреба на јазиците во рамковниот договор, во принципите како и во анексот Б. Не можеме да бидеме ниту дарежливи, ниту недарежливи, владата ќе го спроведе она што е зацртано во делот на употребата на јазиците и тоа го направила за сега со донесување на одредени закони.“

Поранешниот министер за правда Иџет Мемети смета дека е добро да се донесе еден закон во кој би се поставиле оновите за употреба на јазиците на заедниците кои живеат во земјава.

„Тој закон би го содржел тоа што го има членот седум на уставот и општо како основа би ја регулирал употребата на јазиците. Ако во одредена област не може да се покрие со посебен закон, тогаш тој општиот закон би можел да го покрие,“

вели Мемети кој дадова:

„Од друга страна не пречи да се има пооделни области и специјални закони кои поподробно ќе ја регулираат таа материја.“
XS
SM
MD
LG