Достапни линкови

Судството може да одговори на предизвикот


Генерално судството може да одговори на предизвикот наречен борба против корупцијата, вели адвокат Ленче Софрониевска која беше прв претседател на Апелациониот суд во Скопје. Таа оценува дека корупцијата е болест на државата, односно колку таа повеке зема замав, особено корупција во смисла на организиран криминал, толку повеке се губи тлото на државата и нејзините основи, особено ако во тоа учествуваат високи државни функционери.

„Мора се да се стори да се подготви и судството да може да одговори на овој предизвик за совладување на корупцијата којашто евидентно кај нас постои подолг период, а за којашто во почетокот ни беше мачно воопшто да мислиме дека ја имаме, заради тоа што не можевме и да сватиме дека тие претставници на државната власт кои требаше да бидат пример за граѓаните, всушност, за жал, влегле во поспешување и зголемување на криминалитетот во нашата држава“.

И покрај генералната оценка дека судството има капацитет да се справи со корупцијата Софроневска посочува дека треба да се работи на подобрување на ефикасноста на овој сегмент на власта воопшто, бидејки како што вели граганите споро ги остваруваат своите права пред судовите. Според неа ефикасноста на судството не зависи само од судовите бидејки тоа е повеќеслоен проблем

„Најитно што е можно да се пристапи кон промена на законодавната регулатива и отстранување на се што е непотребно за решавање во судовите. Превнствено мислам на прекршочните предмети каде што се предвидени мандатни казни на граѓаните и каде што не е неопходно утврдување на вина, а бројот на овие предмети не што не е незначителен, туку во одредени судови го надминува бројот на предметите по сите други основи“.

Покрај проблемот со законската регулатива Софрониевска посочува и други проблеми како:

„Субјективниот проблем којшто не треба да се занемари во судовите и во работењето на одделни судии, и во работењето на одделни службеници вработени во судската администрација“.

Според Софрониевска:

„Кога би се работело малку повеќе, мислам дека може да се дојде побрзо до ажурирање на судството, за да може судството навистина да му одговори на граѓанинот, бидејќи тоа постои за него“.
XS
SM
MD
LG