Достапни линкови

Поддршка од 75 насто од граѓаните


Последните истражувањата на јавното мислење покажуваат дека околу 75 проценти од граѓаните ја поддржуваат владата, значи партиите на власт генерално сеуште имаат висок рејтинг, односно постои позитивна клима кон владата, изјави професорот на Правниот факултет, Ѓорги Иванов

„Тој позитивен однос можеби произлегува оттаму што владата во изминатите сто дена имаше комоција кога медиумите и другите да бидат воздржани од критика за нејзината работа, меѓутоа и од отсуството на опозицијата во парламентот“.

оценува професорот и посочува дека може да се очекува по изминувањето на стоте дена од функционирање на Владата оценките да се сменат. Според Иванов

„Сите тие позитивни оценки можат да спласнат доколку на терен владата не покаже доследност и истрајност за да ги реши тие прашања претежно од сферата на криминалот, бидејќи знаеме дека криминалот не е од сега – тоа е некој вид транзициона траума и не следи веќе цела деценија – владата треба да биде решителна затоа што тоа веројатно ќе дојде и до нејзините редови, бидејќи ретко кој бил чист во овој транзиционен период што се бавел со бизнис и со политика. Тука ќе ја видиме владата колку ќе биде доследна на сопствените определби да се соочи со корупцијата и со криминалот“.

По изминувањето на стоте дена кога власта ке се соочи со критики од опозицијата и медиумите професорот вели дека ке бидеме сведоци на негативни работи кои досега беа прикривани

„Тоа пред се се однесува на одредени промашувања во кадровските решенија, затоа што веќе помина периодот на комоција во политиката и секој треба да го одработи она што му е доделено, ако не мора да биде реконструиран. Значи, веројатно ќе се случи конкретна реконструкција на некои кои досега не се покажаа“.

Иванов посочува дека владата ја очекуваат уште многу работи како на пример воспоставување на контрола на теренот, но како што вели тој немаше можност тоа да се постигне во првите сто дена

„Тука се очекуваше повеќе од партијата на Албанците што е во коалицијата, значи од ДУИ, меѓутоа ДУИ тука веројатно падна на испитот, не покажа доблест и подготвеност да се соочи со реалноста којашто на некој начин може самата неа да ја загрози и што се случи со неколкуте напади врз нејзините седишта“.
XS
SM
MD
LG