Достапни линкови

Уапсени 32 странски проститутки


Во рамки на активностите за сузбивање на организираниот криминал и нелегалната трговија со луѓе МВР викондов во подрачјето на тетовско и гостиварско во неколку угостителски објекти открила 32 странски државјанки.

„Шест се пронајдени во угостителскиот објект Кобра 2000, сите илегално ја преминале македонско-југословенската граница, во локалот Бели се пронајдени 10, а пест во локалот Кристал. Во Гостивар пронајдени се десет странски државјанки со работни визи коишто престојувале легално во Македонија, но дополнително е утврдено дека се занимавале со проституција,“

соопшти портпаролот на МВР Мирјана Контевска. Против сопствениците на ноќните барови МВР поднела кивични пријави. Во друга акција во Скопје МВР поради основано сомнение дека две лица сториле кривично дело Фалсификување испрви поднела кривични пријави а на лицата одредена им је мерка притвор

„Во последниов период беа пронајдени голем број на фалсификувани документи. Пронајден е фалсификаторот, станува збор за А.С. од Скопје, инаку сопственик на туристичка агенција. При контрола кај него се пронајдени печати од МВР, Министерството за финансии, Царината, како и дипломи меѓу кои и од Вишата школа во Пеќ. Утврдено е дека две лица од МВР поседуваат вакви дипломи и против ќе бидат преземени мерки.“
XS
SM
MD
LG