Достапни линкови

Безбедносната состојба чувствителна, но под контрола


Во интерес на меѓународната заедница е Балканот да остане стабилен. Безбедносната ситуација во Mакедонија е чувствителна но под контрола, сепак во случај на воена итервениција на Соединетите држави и сојузниците врз Ирак – сите ќе ги почуствуваат последиците, оценува генерал во пензија Митре Арсовски

„Со предизвикување на економска криза можат да настанат и социјални проблеми кои пак можат да прераснат во нешто сосема непредвидено за Република Македонија. Кај нас безбедносната состојба е порозна. Таа сега е строго контролирана, меѓутоа, во еден момент може да биде дестабилизирана“

Клучната опасност од војната во Ирак е ударот врз нафтeната инустрија и оттаму врз светскиот пазар вели Арсовски

„И Македонија е засегната од таа војна, затоа што Македонија не е производител на нафта, затоа што Македонија плаќа тешки пари за таа нафта и затоа што Македонија фактички е потпрена на нафтени производи во своето стопанство. Ќе застанат автомобилите, ќе застане греењето, практично ќе застане се“.

но проблемите не би застанале тука

„Овде ќе се војува со толку софистицирано оружје и орудија кои можат да предизвикаат катастрофални последици – потреси, разни загадувања од чадот кога ќе се појави, можна е употреба на нуклеарни, хемиски и биолошки средства,“

вели Митревски кој препорачува:

„Ми се чини дека и Собранието, и владата, и претседателот ќе мора да преземат некои мерки да не ја сочекаме оваа воена криза неподготвени и би требало да се поведе повеќе сметка за сите граѓани на Република Македонија, за нејзината економија, нејзината социјална итн.“

„Ми се чини дека и Собранието, и владата, и претседателот ќе мора да преземат некои мерки да не ја сочекаме оваа воена криза неподготвени и би требало да се поведе повеќе сметка за сите граѓани на Република Македонија, за нејзината економија, нејзината социјална итн.“
XS
SM
MD
LG