Достапни линкови

Хусеин не се разоружува, туку манипулира


Садам Хусеин не се разоружува, туку манипулира, изјави американскиот претседател Џорџ Буш во годишното обраќање до нацијата. Тој додаде дека е подготвен, доколку е потребно, да ја употреби сета воена сила на Соединетите Држави против садамовиот режим.

Во годишното обраќање за состојбата на нацијата во Конгресот, американскиот претседател изјави дека разузнавачките докази покажуваат оти ирачкиот режим ги поддржува терористите.

„Доказите од разузнавачките извори, од тајните комуникации и од изјавите на луѓето кои сега се во затвор откриваат дека Садам Хусеин им помага и ги заштитува терористите, вклучувајќи ги и членовите на Ал Каеда.“

Буш не презентира дополнителни детали за ваквите наводи, но ја изнесе можноста за ирачко вооружување на терористите со хемиско, биолошко или нуклеарно оружје. Тој исто така го обвини Хусеин дека, како што рече, крајно ги презира и ги мами Обединетите Нации со тоа што не го исполнување барањето на Советот за безбедност да се разоружа. Претседателот Буш најави дека американскиот државен секретар Колин Пауел на петти идниот месец во Советот за безбедност ќе презентира нови докази против Ирак. Доколку воената кампања стане неопходна Соединетите Држави ќе преовладаат, изјави претседателот Буш и притоа упати апел до ирачаните:

„Вашиот непријател не ја опкружува вашата земја. Вашиот непријател ја раководи вашата земја. И денот кога тој и неговиот режим ќе бидат отстранети од власта тоа ќе биде и ден на вашето ослободување.“

Што се однесува до Иран, Буш рече дека тамошната влада продолжува да го репресира народот и да го поддржува тероризмот. Тој додаде дека Вашингтон ги поддржува аспирациите на иранскиот народ да изберат сопоствена влада и да живеат во слобода. Буш уште еднаш ја повика Северна Кореа да ги стопира нејзините нуклерани амбиции и порача дека Соединетите Држави нема да дозволат да бидат уценувани од Пјонгјанг. Во обраќањето до нацијата, американскиот претседател се осврна и врз мерките за заздравување на економијата во земјата. Но, притоа тој не презентира некои нови иницијативи покрај економскиот план што го претстави пред еден месец, а кој има за цел, со намалување на даноците, да бидат отворени нови работни места во Соединетите Држави. Иако говорот на Буш во Конгресот 77 пати беше прекинуван со аплауз, според последните анкети, за прв пат по септемвриските напади тој се соочува со поделено јавно мислење околу неговото раководење. Додека пред една година 80 насто од американците го поддржуваа неговиот став спрема Ирак, сега само пеесетина насто се за воена акција без дозвола од Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG