Во скопската населба Чаир синоќа е убиен еден припадник на МВР кој со огнено оружје бил застрелан од непознат сторител.
„Пукано е во неговото возило, а потоа откако тој излегол од возилото, пукано е и во него,“
изјави портпаролот на МВР Мирјана Контевска.
Последниот пример на убиство што се случи во Чаир само го потврдува податокот дека во Македонија многу луѓе поседуваат нелегално оружје, изјави министерот за внатрешни работи Хари Костов:
„Министерството за внатрешни работи побара од сите СВР во Македонија да направат контроли на досега издадените дозволи за оружје. Моментално пристигнуваат дел од тие извештаи и јас можам да ви кажам дека само од СВР Битола во 90 отсто од случаите издадените дозволи не се во согласност со условите што ги предвидува законот. Еве, да не спомнувам, некаде и во рамките на министерството незаконски се делени оружја – дали на поединци кои задолжувале огромен број, дали на единици коишто имале се уште нерегистрирано оружје и потоа таквите нелегални акти доведуваат до тоа кај населението да се наоѓа огромен број оружје“.
За успешно решавање на случаите на инциденти и насилства во државата што ги прават одредени вооружени групи и криминалци покрај процесот на разоружување неопходна е и координираност меѓу МВР и судовите се согласија министерот за внатрешни работи Хари Костов и претседателот на републичкиот судски совет Јордан Десковски на денешната средба што ја иницираше Костов.
„Не можеме да ги обвинуваме судииите зошто притвораат, туку зошто се бавни во постапката. Тоа е најсуштествено, а тоа е интенцијата и на Европскиот совет, а и на самиот закон. Јас мислам бавно работат и бавно реагираат. Не може еден сведок сега да се распрашува, а друг по две недели“.
рече Десковски.