Достапни линкови

Проблеми нема, тврди владата


Проблеми нема тврди портпаролот на владата Сашо Чолаковски кој одолговлегувањето, односно зошто акциониот план не помина на минатата владина седница го објаснува вака:

„Не помина затоа што имаше многу точки на дневниот ред, макроекономската политика беше на дневен ред и бидејќи се работеше до доцна, а затоа што владата требаше на собранието да му поднесе неколку законски пакети од економијата кои се во врска со преговорите со ММФ, се реши како приоритетни да се разгледуваат тие закони, така што нема никаков проблем“.

Незадоволство за текот на имплементацијата на Рамковниот договор неодамна изразија и албанските политички лидери потписници на овој договор.

„Го изнесов моето незадоволство со процесот на имплементација на охридската спогодба, зборував за опасните тенденции секоја политичка партија да има свое видување за тоа што значи Охридската спогодба“.

Изјави претседателот на ДПА Арбен Џафери со сличен став и неговиот колег од ПДП Абдурахман Алити.

„Ние сметаме дека во имплементацијата на спогодбата има задоцнувања. Сметаме дека има место, има начин да се забрза тој процес“.

Во ВМРО ДПМНЕ велат поголемиот дел од обврските се исполнети со донесувањето на уствните промени а сега точно се знае што треба да направат Владата и Собранието

„А ние како конструктивна опозиција во парламентот ќе се трудиме со конструктивни предлози и на законските проекти, да помогнеме да се донесат закони коишто ќе значат подобро утре за граѓаните на Република Македонија“.

Изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Марјан Ѓорчев.
Инаку од усвојувањето на Акциониот План од страна на Владата зависи и одржувањето на лидерската средба кај претседателот на државата Борис Трајковски.
XS
SM
MD
LG