Достапни линкови

Брус Џексон, директор на невладината организација Проект за демократии во транзиција. Јадранската повелба голем чекор напред


Што ќе кажете за последните чекори што ги прави Македонија во контекст на регионалната соработка за да биде поблиску до НАТО?

Па мислам Јадранската повелба за која Македонија помогна да започне да се реализира е голем чекор напред. Сега имаме формална регионална соработка и демократски процес во основа сличен на балтичката спогодба постигната мегу Летонија, Литванија и Естонија. Јадранската повелба е поставена на тој начин што овозможува да се забрзаат демократските реформи. Очигледно е дека секоја од земјите ќе треба да стави акцент на специфични работи. Балтичката спогодба на пример беше потпишана во 1998 а во 2002 година трите балтички држави добија покана за членство во НАТО. Повелба мегу Македонија, Албанија и Хрватска ќе биде потпишана годинава и се надевам дека за три до четири години и овие земји ќе успеат да се интегрираат.

Дали работата на акциониот план за членство во НАТО е доволно за приближување на Македонија до алијансата И колку почитувањето на човековите права, борбата против корупцијата И слично се важни во овој процес?

Па мислам дека работата на акциониот план за членство е неопходен, но не и доволен услов. Мора да се гледа малку пошироко како на пример на социјалните реформи, јакнење на судството, заштита на човековите права. Соединетите држави јасно посочуваат дека корупцијата е главен проблем во сите нови демократии. Тоа е појава која може да ги уништи демократските процеси.Јас мислам дека посветеноста на претседателот И премиерот во антикорупциската кампања е клучен елемент во агендата.

Очигледно е дека командата на мисијата Сојузничка хармонија ќе ја преземе Европската унија. Какво е вашето мислење? Дали е тоа добро за Македонија?

Очигледно дека било кој прогрес кој Македонија ќе го постигне самата, како нејзина целосна одговорност кон модерна Европа, е само за добро. Механизамите за обука на НАТО И ОБСЕ во земјата ќе го забрзаат движењето на Македонија напред и тоа може да биде само добро. Вие навистина не сакате странски сили во вашата земја. Надежта е дека Европската унија ќе овозможи преодни сили и во мошне краток период Македонија ќе стои на свои нозе стабилна и сигурна. Драфтот на повелбата е уште еден показател дека регионалните безбедносни механизми ќе ја заменат меѓународната интервенција.

Велите Македонија за краток преиод ќе биде стабилна. Според вас, кога може да се очекува на земјата веќе да не и бидат потребни меѓународни сили ?

Мислам дека тоа е нешто за што премиерот ќе дискутира со претставникот на Европската унија, Хавиер Солана. Мислам дека не станува збор за долг период. Тој ќе се мери со месеци не со години.
XS
SM
MD
LG