Достапни линкови

Уздите треба да бидат попуштени


На Македонија и е потребна реформирана полициска структура со поголема професионалност – квалитетна и ефикасна, децентрализирана и деполитизирана полиција, во иднина, со еден нова начин на управување и раководење со полицијата, со поинаква кадровска и организациона поставеност. Тежиештето на реформите во полицијата треба да биде ставено на намалувањето на централизираноста и зголемување на децентрализираното извршување на полициските надлежности и задачи, што би значело и преземање на одговорноста за нив. Ова се дел од заклучоците на семинарот за современиот политички менаџмент што во Охрид го организира македонското МВР и тимот правда и внатрешни работи при Европската комисија. Во работата на овој втор семинар, како дел од проектот за реформите во македонската полиција, покрај домашните експерти учествуваа и странски стручњаци, меѓу кои и Урлих Тугаз од германската полиција, што е земена како пример за европски стандарди во полицијата. Тој смета дека е потребна

„подготвеност на моќниците од највисоките редови во МВР да ги пуштат малку уздите и да ја пренесат малку одговорноста надолу во полициската хиерархија. Ова според мене е неопходно во реформите. Во кадровската политика, пак, секое кадровско решение во иднина мора да биде донесено од стручна, а не од политичка гледна точка“

препорача Урлих.

Претставниците на нашите министерства за внатрешни работи и за правда, од сусдството и од обвинителството, искажаа став дека идната реформирана македонска полиција треба преку територијалната децентрализација да биде квалитетен сервис на граѓаните, што е предвидено и со Охридскиот рамковен договор.

„Тоа би значело: полицијата да ги разбира и да ги спроведува законите, дас има оценка за тоа што граѓаните очекуваат од неа, и на квалитетен начин тие очекувања да ги вгради во своето постапување и да одговори на потребите што граѓаните ги упатуваат спрема неа“

вели Трпе Стојановски, помошник на министерот за внатрешни работи.

Искуствата од семинарот ќе бидат вградени во актуелниот план за реформите во македонската полиција.
XS
SM
MD
LG