Достапни линкови

Убиени четири лица


Четири лица загинале, а едно е повредено во вооружен инцидент кој се случил рано изутрината во гостиварското село Добри Дол. Екипи на МВР работат на мотивите и учесниците во престрелката.

Според првичните информации од СВР Гостивар, убиените се три странски државјанки кои работеле како келнерки во кафеаната „Нели“ во Добри Дол, како и еден маж, жител на селото, чиј идентитет се уште не е познат.

Инцидентот се случил рано утринава околу 3,30 часот во кафеаната „Нели“ сопственост на Фарук Бахтијари. Според извори од такси возачи кои ги однеле убиените во тетовската полиција, извесно лице се јавило на телефон и побарало две такси возила во Добри Дол. Таму таксистите биле пресретнати од неколку вооружени лица кои ги принудиле да ги земат убиените и да ги однесат во приватната амбуланта „Галаксија“ во Мала Речица, од каде што исто така под закана, биле пренесени во тетовската полиција. Повреденото лице, исто така странбска државјанка, е пренесено во тетовскиот медицински центар заедно со телата на убиените, кои, според зборовите на надлежните во медицинскиот центар, ќе бидат веднаш пренесени во Скопје, заради идентификација и обдукција.

Полицијата, истражен судија и заменик јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот и екипи на МВР работат на откривање на причините и поединостите кои довеле до овие убиства.

Ноќеска близу гостиварското село Сенокос е пронајден труп на неидентификуван маж, а полицијата не откри дали е утврдена поврзаност помеѓу двата случаи.
XS
SM
MD
LG