Бојкотот на наставата не е начин на кој треба да се реши проблемот со основното уилиште во Шемшово, тоа ќе се надмине со разговори, изјави министерот за образование Азис Положани во врска со најавата на учениците Македонци дека ќе го бојкотираат и второто полугодие кое треба да започне утре. Причините за најавата за бојкотот е незадоволството од тоа што бистата на Јумни Јонузи се уште не е дислоцирана од училишниот двор на основното училиште Даме Груев како што беше договорено
„Ние инсистираме на реализација на компромисот за кој имаме ветување и очекуваме да се исполни. Нивните искажувања се дека временските услови се тие коишто малку го оддолжија овој проблем“
Положани посочува дека кај населението треба да постои чувство на одговорност и взаемно разбирање за долгорочните цели што е основа за заеднички живот во овој дел од Македонија
„Тие што би сакале побрзо решение мислам дека имаат право, но земајќи ги предвид и околностите, и моментот и контекстот на состојбите, мислам дека сепак треба едно повисоко чувство на одговорност, којашто досега беше искажана од сите страни“.
Покрај најавата за бојкот на наставата, родителите на учениците Македонци и претставници на месните заедници од шесте тетовски села бараат итна средба со премиерот Бранко Црвенковски.
„Владата останува на предложеното решение, односно целосно исполнување на компромисот. Во таа насока ќе биде и средбата што деновиве ќе се одржи меѓу премиерот и родителите на децата Македонци,“
изјави владиниот портарол Сашо Чолаковски кој оценува дека средбата со родителите на децата Македонци е приоритет за премиерот.