Достапни линкови

Македонија нема визија за иднината


Кој е вистинскиот концепт за развојот на Македонија во наредниот период прашуваат многу луѓе во Македонија кога треба да одговорат како тие гледаат на охридскиот договор и колку тој се применува во реланоста.

„Се злоупотребува и веќе се претерува во тој случај. Крајно време е еднаш да се изјаснат и да нема некои незгоди“

Впечатокот дека договорот од Охрид кој треба да претствува основа за една меѓуетничка стабилна иднина во земјава е нејасен граѓаните го црпат од согледувањата на ефектите од него.

Дилеми отвораат прашањата за тоа до кое ниво во држвата ќе се употребува јазикот на зедниците како и потребата од процентуалната застеност на Албанците во јавната админстарција.

„Примената моежеби од еднс страна е корисна, а друга страна се злоупотребува и тоа некому како да му конвенира, така му доаѓа“.

„Ќе дојде момент да не можете да купите весник, ако не знаете албански, на пример. Тоа треба да се инсистира со време, нашите деца да го учат тој јазик или што знам јас“

„Ова треба да се оцени како меѓувреме и најверојатно ќе се отрезниме – сите заеднички да живееме како луѓе“.

Едно од отворените прашања е и тоа колку може да се очекува ефиксност од мешаните полициски сили

„За полицаец требаше да се ангажира школуван човек, а не да го симнам од планина па да го поставам за полицаец“

Дилемите не се исрпуваат тука бидејќи примената на одредбите од рамковниот документ претстои, па оттука перидот што е пред нас многу граѓани го оценуваат како време на адаптација

„Знаете како, народот вели дека им се наложува на нашите политичари. Ако навистина им се наложува, тогаш нам не ни треба ни влада, ни собрание, не ни треба ништо, штом чекаат некој да им каже. Зошто со својот мозок не мислат и не одлучуваат за овој народ?“

Според професорот Ферид Мухиќ од филозофскиот факултет во Скоје на Македонија и недостасува визија за долгорочен процес за создавање на нејзината иднина. Тој смета дека е неопходно да биде создаден нацинален тим кој ке треба да ја дефинира листата на приоритети на државата.

„Основната иснпирација е дека на Македонија и недостасува концепт за нејзината единствена визија која би вклучила и прифатлив модел на нејзиниот идентитет, потоа прифатлива стратегија за нејзините долгорочни приоритети, односно она што ќе ја конституира како препознатлива политичка ситуација во регионот, без оглед на разликите во етничкиот состав на регионот“.
XS
SM
MD
LG