Достапни линкови

Изјави за присуство на муџахедини предизвикуваат тензија


Безбедносната ситуација во земјава е крајно сериозна бидејки во нашава територија уфрлена е голема муџахединска група тврди екс министерот за Внатрешни Работи Љубе Бошковски кој ја повика Владата и претседателот да не седат со скрстени раце.

„Факт е дека имаме најмалку 500-600 уфрлени муџахедини. Тоа се податоци кои морате да ги проверите. И зборувам за 20.000 вооружени лица кои се пасивни во овој миг, но се подготвени да одреден сигнал да ја нарушат безбедноста на Република Македонија“.

Ваквите информации на Бошковски ги демантираат од АРМ, а и од НАТО мисијата во земјава .

„Дали знаете колкава е таа бројка 600. За тоа да е така треба да има огромна логистика, некој да ги прифати. Граничните единици, односно делот што го контролира граничниот појас, немаат регистрирано никакво движење“.

Изјави портпаролот на АРМ Зоран Секуловски.

„Во овој момент никој во меѓународната заедница, а мислам ниту во вашата влада нема информации од тој тип, така што би биле мошне задоволни доколку поранешниот министер ги достави информациите околу безбедносната ситуација. Но што се однесува до НАТО и меѓународната заедница ние сме сосема сигурни дека нема закана за безбедносната ситуација во македонија од надворешни или внатрешни извори. Свесни сме за криминалните групи и банди што користат насилство и го попречуваат нормалниот тек на активностите, но тие не се генерална закана за безбедноста,“

изјави за Радио Слободна Европа портпаролот на НАТО Крег Ратлкиф со оценка

„Изјави од таков тип не придонесуваат кон стабилноста и безбедноста на земјата. Така што навистина доколку тој има докази дека нешто не е во ред треба да ги достави за да може да се дејствува во спротивно изјавите кои создаваат тензии ја загрозуваат безбедноста без причина.“
XS
SM
MD
LG