Достапни линкови

Албанците реагираат затоа што немаат член на МАНУ


Македонската Академија на Науките и Уметностите објави конкурс но ниту еден Aлбанец не се пријави, а од друга старана се жалат дека албанеци не се примаат во Академијата вели академик Блаже Ристовски. Но, сепак тој укажува на пречките:

„Малкумина Македонџи знаат албански и малцина од нас можат да ги читаат работите што излегуваат на албански јазик. Друго, ние веќе на двапати во Академијата, имавме кандидат од Албанците, но за жал, за еден глас не помина. Така што, тоа не е грижа за албанското малцинство, туку грижа воопшто за науката во Република Македонија. Зашто, не е точно тоа таму што пишувало како што разбрав, дека Македонската академија е еднонационална“.

Самото име на Академијата оваа институција ја преставува како еднонационална и ја дели од научно и културните вредностите на останатитре етнички заедници кои живеат во Македонија велат од Форумот на Унијата на Албанските интелектуалци во Македонија:

„Таа академија не може да биде академија само на Македонци, ако имаме една друга стварност во нашата држава“

изјави претседателот на Унијата Назми Малиќи кој вели не мора да значи дека во Академијата албнците треба пропорционална да бидат застапени бидејки

„Во науката, сепак, има некои процедури што треба да се ценат, само, навистина е точно дека не е можно педесет години да не се најде способен Албанец научник кој би можел да биде член на оваа академија. Не е проблемот во бројката и во процентот, туку во внатрешната трансформација на академијата“.

Доколку не бидат прифатени барањата, од Унијата на Албанскте Интелктуалци се закануваат со фомирање на паралелна Академија . на ова акаедмик Блаже Ристовски со реакција

„Ако мислат дека некој ќе ги прифати, нека си формираат. Но, се знае што е академија. Албанското малцинство мора да сфати до каде се можностите и потребите. Албанското малцинство треба да сфати дека оваа македонска држава е држава на сите граѓани во Македонија“.
XS
SM
MD
LG