Достапни линкови

Партијата бара Трајковски да помогне во врска со апсењата


Во борбата против корупцијата мора да се внимава на законитоста при постапката, односно призумцијата на невиност на луѓето против кои се покренати кривичните пријави. Доколку тоа не се направи предупредуваат од кабинетот на Трајковски легитимната акција на владата во борбата потив корупцијата може да се свати како политички реваншизам, вели портпаролот Борјан Јовановски коментирајки го барањето на опозициската ВМРО ДПМНЕ, претседателот Трајковски да помогне во врска со последните апсења на поранешни фнкционери членови на оваа партија.

„Очекуваме господинот Трајковски во врска со кривичните постапки да помогне во тоа во Македонија да немаме политички проблем. Имавме ситуација каде што господинот Трајковски во околу 40-тина случаи каде што имавме случаи на терористи, со своите механизми коишто му стојат на располагање беше вклучен во целата работа. Сметаме дека сега како човек што беше предложен од ВМРО-ДПМНЕ може да го стори истото доколку кај него има политичка волја.“

Ова го изјави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев по синоќешниот состанок на Извршниот Комитет на партијата, кој беше свикан по неколку њеделното отсуство од земјата на лидерот Георгиевски.
Засега претседателот Трајковски ги нема овластувањата за амнестирање на членовите на ВМРО ДПМНЕ кои се осомничени за злоупотреба на службената должност вели портпаролот на Кабинетот Борјан Јoвановски

„Во оваа фаза на истражните постапки, претседателот нема можност за примена на институтот амнестија,“

рече Јовановски.
XS
SM
MD
LG