Достапни линкови

Со употреба на сметачи конечните резултати од пописот за два месеци


Доколку за време на најмасовната статистичка операција во земјава пописот би се употребувал рачни електронски сметачи, конечните резултати од пописот би се добиле за два месеца, сметаат познавачи на електрониката.

„За пописот што беше извршен во Македонија 2002 година, доколку се употребувале рачни компјутери, би можеле резултатите многу побрзо да се достават до граѓаните, тоест, тоа би траело околу три месеци што е најгруба проценка, а мислам дека работата би можела да се заврши и побргу.“

велат електро инженери упатени во областа на компјутерскиот софтвер.

И доколку ангажираме 1500 лица на обработка на податоците сигорно резултатите би се добиле многу побрзо, вели Зоран Крстевски претседател на Државната Пописна Комисија.

„Ако ангажираме 1.500 лица, можеби резултатите ќе бидат готови и за три месеца. Меѓутоа, ние ангажираме 120-130 луѓе кои ќе работат на обработката и тоа ќе трае. Имаше девет илјади попишувачи и секому ние не можеме да му купиме рачни компјутери. Сигурно дека со компјутери можеби и истиот ден би биле готови резултатите, ама ние сме уште на тоа ниво – се оди од куќа на куќа, се земаат податоци и тие податоци се вкрстуваат. Се зема матичен број и се гледа дали во државниот регистар постои тој матичен број...“.

За Крстевски периодот од шест за објавување на резултатите односно процентуалната застапеност на етничките заедници кој живеат во Македонија е солиден бидејќи

„Тие што треба да отпаднат, треба да имаат и меѓусебна доверба. Затоа што тие комисии што ги формираме се мешовити, мултиетнички и според условите секој мора да погледа и да биде убеден дека тој податок што се обработува, се обработува по закон, по методологија и меѓународни стндарди.“
XS
SM
MD
LG