Достапни линкови

Се договара транзицијата на НАТО мисијата да биде изведена без проблеми


Се уште има некои отворени прашања за кои се расправа околу преземањето на мисијата на НАТО во Македонија, изјави на прес конференција во Вашингтон портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер, додавајќи дека се договараат работите транзицијата да биде изведена без проблеми.

Одговорајќи на прашањето што содржи писмото кое Соединетите Држави им го испратија на неколку европски влади околу Европските сили за брза реакција и нивното распоредување во Македонија предвиедно за март, портпаролот на Стејт Департменот Ричард Баучер рече:

„Европската Унија и НАТО во декември постигнаа договор за одбранбените прашања и за безбедносната соработка. Тоа е добредојдено и навистина историски чекор. Отогаш ние работиме поваќе на техничко ниво за да постигнеме прецизни договори со цел спроведување на тие појдовни основи. Исто така има дискусија за условите на преземањето на операцијата во Македонија и за одговорностите таму. Тоа оди на подетално ниво. Има некои отворени прашања за кои се разговара, но ние сме уверени дека тие ќе бидат решени во претстојните месеци и оти распоредувањето ќе се случи.“

Запрашан за тоа дали со терминот претстојни месеци се уште мисли дека март е добар датум за старт на операцијата Баучер изјави:

„Немам прецизен датум, но мислам дека можеме да ги средиме работите транзицијата да биде изведена без проблеми како што отсекогаш сакавме.“

рече Баучер потврдувајќи дека се работи на тоа како да се координираат работите меѓу Европската Унија и НАТО.
XS
SM
MD
LG