Достапни линкови

Преземање на НАТО мисијата од ЕУ топ тема


Се надевам дека некаде на пролет, до летото ќе бидат финалзирани разговорите за европското преземање на мисијата во Македонија, рече доаѓајќи во земјава евро-пратеникот Хавиер Солана.

„Како што рековме многу пати, сакаме да придонесеме кон стабилноста на земјата. Тоа е една од работите за која ќе разговараме овие недели со лидерите на Македонија. Не востановивме специфичен датум, но се надевам дека на крајот тоа ќе биде направено до летото. Бидејќи и лидерите на земјата и ЕУ се подготвени да го сторат тоа,“

рече Солана пред разговорите што вечерва ги води во собранието со македонскиот политички и државен врв. Овие разговори освен што на својата агенда ја имаат можноста за македонско деби на новите европски сили за брза интервенција се посветени и на подготовките на самитот на унијата посветен на земјите од западниот балкан.

„Важната порака е дека ЕУ ќе продолжи да работи на стратегијата за целиот регион, а особено за земјите што се во напредна фаза како што е вашата. Како што знаете пред нас е многу важно полугодие, на краојот од овој семестар ќе се одржи самит посветен на балканот и на ЕУ и ние сакаме добро да го подготвиме, така што јас ќе доаѓам редовно. За да го подготвиме добро самитот и да создадеме подобри и подлаблоки односи на ЕУ со земјите од регионот, особено со вашата,“

изјави Солана.

Тој и со оценка дека спроведувањето на рамковниот договор се одвива добро.

„Мислам дека ситуацијата се движи во вистинска насока. Се разбира не би сакал да бидам какво и да е назадување,“

рече Солана.
XS
SM
MD
LG