Достапни линкови

Албанските политички партии поделени за иднината на НАТО мисијата


Една од главните теми на престојната посета на европратеникот Хавиер Солана во Македонија ќе биде можноста за европско превземање на НАТО мисијата Сојузничка Хармонија во Македонија. И додека по македонскиот политички блок генерално нема забелешки на можниот трансфер на командата, албанските политички партии поделени во ставовите.

За ДУИ на Али Ахмти битно е во земјава да има меѓународно присуство без разлика кој ќе раководи со него.

„За Демократската унија за интеграција примарен интерес е во Македонија да има меѓународно воено присуство, без разлика дали тоа ќе бидат сили на ЕУ или на НАТО. И секако дека која и да биде одлуката донесена во врска со меѓународните безбедносни сили во Македонија, ние ќе ја поддржиме,“

изјави портпаролот на партијата Ермира Мехмети.
Во ПДП размислуваат поинаку:

„Имајќи ги предвид искуствата од другите земји од поранешна Југославија, таму каде што беа присутни трупите на НАТО мислам дека работите однеа полесно и имаше резултати на крајот. Затоа преферираме да останат трупите на НАТО, како организација чијашто суштина е позната на овие простори, па и пошироко,“

вели потпретседателот на ПДП Абдуљади Вејсели.

Со сличен став се и во ДПА. Во ова партија велат дека во Македонија треба да остнат НАТО силите бидејки се покажале како упешни, а имајки ја во предвид чуствитлноста на ситуацијат во земјава во ДПА велат не смее да се дозволи да се екпериментира со комбинирана мисија на ЕУ во нашава земја.
XS
SM
MD
LG