Достапни линкови

Помалку политика, повеќе економија


Малку подобра економија и малку помлаку политика вели еден граѓанин запрашан кон што треба да бидат насочени мотивите за работа во државава во наредниот период. Очекување кај луѓето дека владата може да почне да дејствува на тој план има

„Секогаш кога сакате нешто да направите треба да постои и мотив, и желба, ама и знаење. Изгледа, нам ни недостасува од се по малку. Грото наши политичари се исцрпуваат во празни реплики и дебати од типот ’на ти го дај ми го’, а навистина многу малку се прави за да заживее стопанството.“

Професор Мирјана малевска се согалсува дека лошата економска ситуација во државата односно неварботеноста и најавите за нови отпуштања од работа што се објаснуваат како реформа може да изгледа обесхрабувачки кога станува збор за мотивите на луѓето оти може да ги очекува поинаква иднина.

„Ќе треба во јавната администрација да се отпуштат од работа Македонци, за да се вработат Албанци и други припадници на етничките заедници. Во пракса, јасно е дека нема да биде лесно и дека ќе има многу отпори што исто така може да биде извор на нова нестабилност. Од друга страна, сакам да нагласам дека немаме избор,“

вели Малевска.

Таа додава дека оваа лоша населедена слика е обременета од еден доплнителен момент - спроведувањето на рамковниот договор кој предвидува правилна распределба на работните места во јавниот сектор меѓу Македонците и припадниците на другите заедници кои живеат во државата

„Јас само чекам кога, на пример, Партијата на Ѓупците или оние Кинези кои ги има во Македонија ќе побараат свое место во државните органи. Зошто, едноставно, не се почитува професионалноста и умеењето, туку се повикуваме на тоа ’Јас сум со сина крв, јас сум со малку посина, или јас сум со сптен црвена крв,“

вели еден граѓанин.

Според професор Малевска преобразбата на општеството во оваа насока треба да оди постепено и тоа како што додава подразбира потреба од трпение мегу граѓаните од различна етничка припадност и компромис како и полтичка харброст на политичарите јавно да зборуваат за оваа потреба. Таа вели:

„Ова ситуацијата ја прави сложена и бара трпение. Но, во крајна линија, ако согледаме каде се тешкотиите и проблемите – пред се во нашата голема економска заостанатост – треба сите сили да се впрегнат за да се извлечеме од оваа економска бездна, да им дадеме шанси на сите, за да не се почувствува некој добитник за сметка на друг“.
XS
SM
MD
LG