Американскиот претседател Џорџ Буш побара од Конгресот да го прифати неговиот план за зајакнување на американската економија. Станува збор за федерален даночен пакет од 674 милијарди долари во наредниве десет години.
Централниот дел на планот што претседателот Џорџ Буш го претстави во Чикаго е елиминирање на даноците за дивиденди што компаниите и ги исплаќаат на федералната влада.
„Улогата на владата не е да ја раководи или да ја контролира економијата од Вашингтон, туку да ги отстрани пречките кои стојат на патот за побрз економски пораст. Тоа е нашата улога, а пречките се јасни.“
изјави Буш оценувајќи дека беше нефер тоа што имаше двојно оданочување на фирмите – и на профитот и на стоковите дивиденди.
„Укинувањето на двојното оданочување ќе ослободи скоро триесет и пет милиони американци кои овие пари ќе ги искористат за трошење и инвестирање. Тоа ќе придонесе за штедење на околу дваесет милијарди долари во приватната економија. Со завршувањето на оваа казна ние ќе ја зајакнеме довербата на инвеститорите.“
рече Буш, додавајќи дека неговиот пакет, односно интенциите да се охрабрат инвеститорите ќе доведе до креирање на нови работни места со што ќе биде намалена невработеноста во земјата. Опозиционата Демократска партија го критикуваше планот на претседателот Буш. Членови на оваа партија велат дека со планот се фаворизираат богатите американци.
„Нема стимул во стимулациониот план на Буш. Тој е многу неправеден. Со редукција на даноците, оние што прават милиони долари ќе плаќаат дваесет и четири илјади долари помалку. Ако сте меѓу оние што годишно заработуваат пеесет илјади долари ќе добиете само 76 долари. Не можам да сфатам дека некој би го поддржал ваквиот диспаритет.“
Според демократите, досегашните искуства покажуваат дека укинувањето на даноците ги намалува фондовите за образование и за здравство. Интернејшнл Хералд Трибјун во врска со планот на Џорџ Буш пишува дека кратењето на даноците за дивиденди би можело да има смисла во теоретскиот свет. „За жал ние живееме во вистински свет каде што тоа е погрешен чекор, во погрешно време во корист на погрешни луѓе“ - оценува весникот, додавајќи дека американската економија нема да се зајакне со краткорочни стимулации каква што е целта на бушовиот план.