Достапни линкови

Поделени мислења за спојувањето на празниците


Празничната атмосфера по повод новогодишните и божикните празници во градов на крај се сведе на неработење, празни улици и чувство на:

„Мене да ме прашате – многу е здодевно“

„Ми беше многу интересно, ама сега, оти има толку многу празници, ништо не работи, нема никој и не е веќе интересно.“

„Ма, јок! Не е убаво! Празно е, градот е тапа“.


Ова се оценките на голем дел на граѓаните по осумдневното спојување на празниците. Ситуацијата во државава на економски план не дозволува многу време за празнување:

„Ништо не работи, не се мрда со работа. Не, не е убаво“

„Ова треба да се надомести, ама како?! Кога, во недела? Сигурно не!“

„Ситуацијава каква што ни е, не дозволува ваква ширина. Економската ситуација ни е многу лоша и уште вакви екскурзии – не“.


„За оние коишто работат не е добро, сигурно“

„Не е добро, ова се остатоци од социјализмот – само да слават! Јас мислам дека треба да се работи“.

Сепак некои луѓе оценуваат дека во услови кога голем дел од луѓето во државата не работат деновите на неработење за сите овозможуваат позитивна атмосфера.

„Па, луѓето на некој начин ќе се ослободат од многу напластени проблеми и ќе имаат многу повеќе време да му посветат на семејството, доколку се дома. И немаштијата на некој начин ќе ги натера луѓето да се зближат меѓу себе, да имаат малку време и себеси да си посветат внимание“

„Тоа дружење меѓу себе, ама другава страна не чини“

„Ако работат по цела година, можат да си дозволат една недела одмор“.
XS
SM
MD
LG