Достапни линкови

Велешани сугерираат измени


Законот за квалитет на воздух е од огромно значење за жителите на загадениот Велес каде континуирано 30 години во воздухот евидентирани се зголемени концентрации сулфур диоксид и чад, материи што штетно влијаат врз здравјето на граѓаните. Поради тоа, светската здравствена организација градот го прогласи за ризично место за живеење. Ова сигурно е една од причините за големиот интерес на велешани за кампањата „Заедно до почист воздух“ која има за цел подигнување на јавната свест на граѓаните за донесување на законот за квалитет на воздух.

Законот што сега е на сила е донесен во 1974 година, а организаторите министерството за животна средина и просторно планирање и регионалниот центар за заштита на животната средина, бараат измена поради фактот што во државава не постои законска регулатива за дозвола на емисии на загадувачки материи од стационарни извори. Со донесување на новиот закон се планира пропишување на гранични вредности и контрола на штетните материи и воведување на сеопфатен систем за мониторинг на квалиетот на воздухот. Претставниците на еколошкото друштво доставија забелешки за законот кои се однесуваат:

„На рокот предвиден за донесување на подзаконските акти коишто всушност ќе го операционализираат законот. Мислиме дека роковите од една година се предолги за донесување на подзаконските акти и предлагаме да бидат шест месеци. Доставувањето на информации до државните органи е предвидено да биде еднаш во три месеци, а наш предлог е тоа да биде еднаш неделно. Исто така и предвидените казни се прениски.“

вели Билјана Шуркова, секретар на друштвото.

Изготвувачите овој закон во собраниска процедура ќе го достават до март, а како предлог закон треба да се донесе до крајот на септември 2003 година.
XS
SM
MD
LG