Достапни линкови

Владо Бучковски, министер за одбрана. Година на реформи во армијата


Почетокот на 2003 година го означува практично стартот на сериозни реформи во армијата, во одбраната за прием во НАТО.

Па 2003-тата година реално ќе биде клучна за реформите на АРМ, затоа што до сега може да се пофалиме со успешност во поглед на професионализацијата на АРМ, но од друга страна останува уште многу работа во другите два сегменти кои се централен дел од реформата, тоа е модернизацијата на нашата армија и редукцијата на воениот и цивилниот персонал и во министерството за одбрана и во АРМ. Безбедносната состојба во Република Македонија ќе има директен одраз во успешноста на реформите. Кревката стабилност која ја имаме во овој момент мора да ја зајакнеме и мора да обезбедиме услови Република Македонија во 2003 година самата да покаже дека може да ја гарантира внатрешната безбедност. Затоа и беше нашата проекција дека во 2003 година треба да биде крајот на меѓународното воено присуство во Република Македонија. Дали во тоа ќе успееме ќе покаже времето, во секој случај 2003 година е сериозен предизвик не само за АРМ, воопшто за државата Република Македонија, затоа што во погледот на реформите нема да се ценат само нашите достигнувања во реформите на воен план, туку воопшто ќе мора да направиме крупен исчекор и во развојот на демократијата, во подобрувањето на економската состојба и да ги покажеме вистинските резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Меѓу претпоставките за прием во НАТО е и хармонизирањето на односите со соседите.

Регионалната стабилност е еден од предизвиците кои Република Македонија во овој момент сметам дека со повеќето иницијативи кои ги промовираше испрати јасен сигнал дека во овој момент е подготвена со својата политика да биде промотор на регионалните иницијативи кои одат токму во тој правец да се хармонизираат односите со сите наши соседи, како доказ дека Република Македонија ги има сите неопходни претпоставки да биде дел од модерниот свет. Јас сум убеден дека напорите кои ги правиме во овој момент ќе вродат со плод, затоа што односите со Република Албанија се во нагорна линија, имаме одлични односи во секој поглед со Република Бугарија во еден подолг период. Со Република Грција го развиваме партерскиот однос што ќе биде многу битен, останува традиционално добрите односи со Србија и Црна Гора да ги продолжиме. Останува она што реално е евидентен проблем, тоа е проблемот со администрацијата на Косово, подобрувањето на релациите со УНМИК и со КФОР. Но, во секој случај изнаоѓање и на начини како практично да се има релации со косовската администрација е една од темите и верувам дека ќе се наметне како приоритет годинава.
XS
SM
MD
LG