Достапни линкови

Подготвеност за победа во евентуална војна против Ирак


Претседателот Буш им порача на војниците дека можеби претстојат пресудни часови и оти Соединетите Држави се подготвени да победат доколку тргнат во војна против Ирак.

„Ние сме подготвени. И доколку Соединетите држави бидат натерани да дејствуваат, нашите трупи ќе го сторат тоа според најдобрите американски традиции.“

Повторувајќи дека ирачкиот режим е голема закана за американците и нивните пријатели, тој уште еднаш го повика ирачкиот претседател Садам Хусеин да се ослободи од оружјето за масовно уништување или ќе се соочи со консеквенци.

„Судбината на ирачкиот режим е детерминирана од неговите сопствени одлуки. Садам Хусеин точно знае што може и што мора да направи за да го спречи конфлктот. Ние јасно го ставивме тоа на знаење. Светот е едногласен. И дури и сега тој може да го прекине своето инатење и да ја смени насоката – тоа е неговиот избор.“

рече претседателот Буш, додавајќи дека Хусеин со неподнесувањето веродостојна декларација за ирачките воени капацитети покажал оти ги презира Обединетите Нации и резолуцијата на Советот за безбедност донесена во номеври лани а во која се бара разоружување на Ирак. Говорот на Буш во најголемата американска воена база Форт Худ уследи неколку часа откако Пентагон издаде наредба за распоредување дополнителен број војници и авиони од типот Еф-16 во Заливот. Според официјални податоци, сега во регионот има скоро шеесет и пет илјади американски војници. Се најавува дека во наредниве неколку недели таму ќе пристигнат уште дваесет и пет илјади. Во меѓувреме, ирачката опозиција која дејствува во егзил објави дека за две недели ќе одржи конгрес и тоа или во Турција или во северниот дел на Ирак кој е под контрола на курдите. Оваа групација ја предводи неодамна формираниот комитет составен од претставници на шест ирачки опозициони партии.
XS
SM
MD
LG