Достапни линкови

Загинаа две лица


Во улична пресметка меѓу две оружени групи оку два часот по полноќ во населбата Сингелиќ животот го загубија две лица учесници во пресметката. Од МВР не го соопштуаат нивниот идентитет.

„Се работи за еден Албанец и еден Македонец, државјани на Република Македонија. Едниот е 51 годиште, другиот 56 годиште.“

изјави Мирјана Контевска. Според наши информации се работи за Имер Красниќи и Петар Милошевски, пријатели кој бегајќи од останатата вооружена група стигнеле до бензинската пумба на „Макпетрол“ кај последната автобуска станица 45, да побараат помош. Милошевски инаку бил вработен во една од бензинските пумпи на „Макпетрол“.

Според првичните информации се работи за криминален акт, но во МВР се уште со резервиран став:

„Сеуште се шпекулира со мотивите, во смисла на тоа дали е криминален чин или пресметка на банди, сеуште е тоа на ниво на шпекулации,“

рече Контевска.

„Ова за сто денари не се тепаат вака, ова се тепаат за милиони евра,“

вели очевидец од Сингелиќ кој живее веднаш до местото на настанот. Според
жителите на оваа населба пресметката траеле кратко но личело на вистнска војна, се пукало од различни калибри на лесно пешадиско оружје а фрлена и експлозивна направа. Од пукотниците и детонацијата уништени се десетина возила како и фасадите на околните објекти.
XS
SM
MD
LG