Изјава на амбасадорот на САД Лоренс Батлер за Радио Слободна Европа:
Би сакал на вашите слушатели да им посакам многу среќна Нова година. Според мене најголемите достигнувања во изминатите 12 месеци се во тоа што луѓето тука избраа демократија наместо екстремизам. Изборите беа слободни и фер и на нив немаше насилство што беше случај на други места. Избрана е една Влада што е посветена на имплементацијата на рамковниот договор. Таа покажа умереност во барањето начин како да ја извлече Македонија од економската криза. Во која се најде земјата од конфликтот во 2001 година. Сево ова истовремено ставајќи јасно до знаење дека етничките Македонци и Албанци, како и другите малцинства во земјата, Турците, Ромите и другите имаат заедничка иднина и заедничко место во Македонија. Оптимист сум за македонските перспективи.
Не можеме да го превидиме фактот дека многу луѓе овие новогодишни празници ги минуваат во мошне лоши услови, немаат доволно храна, можеби стуја или живеат во мошне тешки услови. Но, јас гледам определба и решителност кај оние што се во подобри услови и што имаат можност, и средства да ја направат Македонија подобро место за сите и да ги исполнат ветувањата дадени на изборите на 15-ти септември.
2003 година ќе се карактеризитра како година во која Македонија има потреба да не се плаши од продолжување на вооружениот конфликт. Тие кои проповедаат враќање на оружјето се малубројни, без план и без средства, а немаат ниту поддршка кај населението па оттаму ниту надеж дека можат повторно нешто да иницираат. Ова значи дека владата, стопанствениците и граѓаните имаат пред себе година во која можат да почнат со градење на подобра Македонија. Како што ми рече еден Македонец животот е многу краток за да не бидеш во Македонија – Дојди да видиш зошто. Јас оваа порака секогаш им ја давам на моите пријатели во Соединетите Држави и во Европа како и на оние што не посетувија за време на божиќ.