Достапни линкови

Ќе биде како на Телевизија


На најавите на градските власти дека годинава во Скопје ќе се случи најдобро организиран пречек на Новата година, скопјани реагираат со воздфржан оптимизам. А подготовките започнаа: се гради замокот со четирите кули каде децата ќе ги забавуваат Дедо Мраз, витези и самовили. Со песок привремено се покриваат дупките на раскопаните улици што водат до плоштадот. Бучава, работници, багери е сликата што доаѓа од центарот на главниот град. Граѓаните велат и се надеваат:

„Веројатно ќе биде најубавата, најпрекрасна ноќ досега организирана на плоштадот“.

„Се зборува дека ќе биде многу убаво, баш онака како што е на телевизија другите години во поголемите метрополи и дека ќе има многу убаво славење. Се надевам дека оваа година и кај нас ќе биде така“.

„Ќе биде нешто што ќе се памети долги години“.

Според надлежните, годинашниов пречек ќе се разликува од сите досегашни. Плоштадот ќе биде украсен со светилки во бела и жолта боја, со електрична елка висока 12 метри, дрвени куќарки, со храна и пијалаци, сепкакуларен огномет и бина на која ќе има забава за сите.

„Ќе го организираме самиот пречек на многу поинаков и побогат начин, со многу поубаво и побогато украсување, со главна манифестација на Градскиот плоштад“ - најави градоначалникот Ристо Пенов со покана не само за скопјани, туку и за жителите на другите градови во земјата да ја пречекаат Новата година на централниот плоштад „Македонија“.
XS
SM
MD
LG