Достапни линкови

Седница на Постојаната анкетна комисија на Собранието на Македонија


ВМРО-ДПМНЕ е задоволна од исходот на денешната постојана анкетна собраниска комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните. Координаторот на оваа пратеничка група Марјан Ѓорчев пред комисијата ги образложи причините за итноста за одржување на оваа седница:

„ Овие изминати два месеци, со постојани одредени активности на Владата на Република Македонија и МВР, значи, посташувајќи на начин којшто е непримерен, се приведуваат луѓе на доброволна база на информативен разговор до 24 часа, а тие луѓе се државни функционери или тоа беа - тоа се господинот Душко Аврамски, в.д. директор на Агенцијата за приватизација и госпоѓа Татјана Митровска, екс-директор на Катастарот на Скопје - др држани во најнепримерни услови, со полициски методи и принцип на скршување, којшто не приличи на граѓанската демократија, туку приличи на некои времиња коишто одамна ги имаме надминато“.

Членовите на Комисијата од редовите на СДСМ по ислуѓувањето на говорот на Ѓорчев побараа одложување на комисијата за да им се даде време на надлежните органи против кои беа изнесени обвинувања, да изнесат информација по барањата на членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мене ни на крај памет не ми е да штитам некакво незаконско однесување, кога тоа би било од страната на политички претставник на истата таа опозиција, меѓутоа, ако за тоа навистина има сериозни индиции. А ние овде такво нешто немаме“ - изјави Каролина Ристова од СДСМ.

Инаку, Ѓорчев ги покрена и прашањата за киднапираните лица, раселените од Арачиново и бранителите, за што комисијата ја задолжи владата да изготви информација до каде е процедурата со решавањето на овие случаи.
XS
SM
MD
LG