Достапни линкови

Завршување на преговорите со подготвените земји кандидати за членство


За финансирање на проширувањето Европската Унија во периодот од 2004 и 2006 на 10 те земји кандидати им нуди 40,5 милијарди евра. Полска, Унгарија,Чешка Словачка , Словенија, Литванија, Летонија, Естонија, Кипар и Малта се десет-те земји кои треба да бидат поканети за членство во Унијата и тие ќе ја добијат оваа сума пари за подмирување на трошоците. Меѓутоа поради тоа што Полска е незадоволна од понуденото неизвесен е и резултатот од денешниот самит на кој е најавено историското проширување на Европската Унија со десет земји членки. Данскиот премиер Андерс Расуменсен како домаќин на самитот во Копенхаген изјави.

„Ние ќе ги заклучиме преговорите со оние земји – кандидати кои се подготвени, а тие не треба да ги чекаат оние кои не се подготвени. Постои ризик за оние кандидати, кои не се подготвени да ги затворат преговорите на овој самит, да чекаат влез во Европската Унија можеби во 2007 година.“

Новите земји членки од друга страна треба да го зголемат европскиот буџет за околу 15 милијарди евра. Романија и Бугарија се во игра за влез во 2007 година, а за Турција ќе биде проценето дали ги исполнува политичките услови во 2004 и тогаш доколку биде потврдено од Европската Комисија ќе биде одреден датумот за преговори за влез на оваа земја во Унијата. Турскиот заменик премиер Абдулаф Сенер смета дека овој нацрт предлог на Унијата може да биде подобрен за време на денешното продолженије на разговорите. Турција бара конкретизирање на датумот за почеток на преговорите за членство во Унијата. Европската Унија во текот на вчерашниот ден во нацрт документот сугерира и дека би можела да понуди преземање на воените мировни мисиии во Македонија и Босна кои се предводени од НАТО. Европската Унија ја потврдува својата решеност да ја продолжи најтесната соработка со земјите од Западен Балкан и низ процесот на стабилизација и асоцијација ја остава можноста за членство во Унијата.
XS
SM
MD
LG