Достапни линкови

Покана за членство за земји од Централна и Источна Европа


Самитот на Европската унија што се одржува денеска и утре во Копенхаген ќе биде чекор кон иднината. Се очекува покана за членство во унијата да добијат десет земји од Централна и Источна Европа.

Историски е премногу користен збор, но исто така со него може да се оцени и самитот на Унијата во Копенхаген. Приклучувањето во унијата ќе влијае од секој аспект на новите членки. Во економска смисла ќе се отвори еден простран пазар кој ќе се протега од Талин на Балтикот до Никозија на медитеранот. Во политичка смисла ќе има нови пратеници во Европскиот парламент од земјите од Источна и Централна Европа. Ќе има и армија на технократи и бирократи во Брисел кои ќе носат одлуки кои директно го засегаат секојдневниот живот во овие земји. Исто така тука е прашањето за лојалноста и взаемната доверба во врска со заедничките цели со другите земји членки на Европската унија. Петр Друлак од Институтот за мегународни односи во Прага вели:

„Нашата асоцијација ќе донесе огромни промени. Навистина е тешко да се предвиди како лугето ќе размислуваат за тоа и како ќе се навикнат. Дефинитивно тоа е нешто што ќе го промени начинот на размислување за политиката, општеството и се што е поврзано со нив,“

Прашањето за градење на европска лојаност е контраверзно. Националистите и другите противници на европскиот проект велат дека останува поделбата на Германци, Португалци итн. Оние пак кои ја поддржуваат идејата велат дека едно од најголемите достигнувања во последните 50 години е можноста да се гради доверба помегу нациите. Понекогаш постојат предрасуди во однос на источните, словенски кандидати.

Професорот Џејмс Вотсон од Американскиот универзитет во Рим смета дека предрасуди не постојат само кон овие земји. Тој посочува дека порано тоа беше случај со посиромашните земји од источниот дел на Европа кои влегуваат во Европската унија, но оти тоа е надминато со текот на времето.

„Постои неоправдан страв, бидејќи веќе има земји членки од Источна Европа. Се сомневам дека анти словенското чувство кое е особено силно во Италија, како и во Австрија и Германија ќе се редуцира, бидејќи постои надеж дека економиите на овие земји ќе станат европски. Тие ќе се интегрираат во унијата и проблемот ќе исчезне.“

Исто така се поставува прашањето дали со вклучување на новите членки ќе се промени карактерот на унијата. Некои експерти сметаат дека земјите од Источна Европа ќе ја приближат Европската унија до Соединетите држави. За ова Друлак вели:

„Тоа може да се очекува, бидејќи ако се погледне кон НАТО може да се воочи дека Централно европските земји изгледа дека се поблиски до американските ставови по повеќе прашања, отколку некои земји од Европската Унија,“

Но, Друлак посочува дека новите членки на Унијата немаат доволно моќ за да балансираат и се верува оти нејзината политика и понатаму ќе остане пред се во рацете на Франција и Германија

„Има само една голема земја во Централна Европа, а тоа е Полска и политиката на Унијата повеќе ќе биде водена од големите играчи на европската сцена како Германија, Франција, Англија и потоа Полска ќе биде нивен партнер. Повеќе од очигледно е дека земјите како на пример Чешка ќе бидат втори по важност, како што е Белгија денеска.“
XS
SM
MD
LG