Достапни линкови

Трпението на жителите при крај, најави за самоорганизирање


Последниот случај со провалите и демолирањето на 70 куќи во Јадоарце се чини е го прелеа трпението на жителите на ова и петте останати планински села кои се постојана мета на нападите на криминални групи. Куќите беа повторно опустошени, предметите кои на арамиите им се виделе вредни ни се украдени, а дргите расфрлани и уништени, вели Мирослав Петрушевски жител на селото.

„Постојат разговори со полицијата којашто патролира, само да ви кажам дека желбата не им ја дава потребната можност да интервенираат и тие не се во состојба да ги прекинат овие напасти коишто ни се случуваат. Најверојатно, ние како жители на овие три села ќе мораме сами да се организираме, за да ги фатиме арамиите и еднаш засекогаш ставиме крај на овие вандалски работи што се случуваат.“

Крајно разочараните мештани кои веќе година и половина трпат вакви и слични зулуми уште еднаш побараа ефикасна заштита на нивниот имот. А, доколку истата изостане, најавија и самоорганизирање со селски стражи, ни изјави претседателот на месната заедница Борис Пауновски.

„Сведоци сме на повторно влегување на криминални банди, коишто прво влегоа во селото Сетоле, ограбија одредени делови од бела техника. Потоа, се случи помасовно во селото Отуње, за сега да се случи и во Јадоарце. Во Јадоарце се влезени практично скоро во сите куќи, се што беше донирано или поправено од прва и втора категорија многу нешта се уништени и искршени. Во последно време често има и рафални истрели од автоматско оружје и мислам дека тоа е смислено на одредени структури.“

Нивниот предлог во едно од трите села да се лоцира полициска станица е неприфатлив за центарот за менаџмент со кризи, кој проценил дека нема потреба за вакво нешто, а како што било речено нема ни екипи за тоа.
XS
SM
MD
LG