Достапни линкови

Владимир Преља, амбасадор на Република Албанија. Балканските земји сериозни за евроатлатската ориентација


Како ги оценувате последните иницијативи на балканските земји за ченство во НАТО И ЕУ. Прво Македонија, Албанија и Хрватска настапија заеднички на Самитот во Прага, а сега за Копенхаген се вклучија уште две Балкански земји?

Овој трилатерален чекор што е преземен, за мене е повеќедимензионален. Како прво тој е показател за сериозноста на политиката на земјите од Балканот ориентирана во правец на евроатлантските интеграции.
Второ, земјите од регионот започнаа да имаат заеднички интереси и тоа се гледа во овој триаголник меѓу Македонија, Албанија и Хрватска. Мислам дека не може да има совршена рамнотежа, ниту пак совршено ниво на соработка и нормално дека има разлики меѓу нив кои за мене се многу мали, но сепак мислам дека доминираат заедничките интереси. Исто така и иницијативата на претседателот Трајковски која наиде на одобрување од претседателите на петте земји на Балканот покажува дека веќе се работи за определена политика што ги содржи националните интереси на овие пет балкански земји кои нивната иднина веќе ја гледаат во Европа и НАТО. Заедничките цели на балканските земји според мене, ќе влијаат и во внатрешните состојба на овие земји.

Последниве денови актуелна е инијативата на НАТО за заеднички армиски патроли на Македонија и Албанија во пограничниот појас. Прифатлива ли е оваа идеја за Албанија?

Јас не знам кој е автор на оваа идеја, но сепак во албанската дипломатија ова е теза стара една година. Неколку пати беше предложена и наиде на разбирање кај нашите македонски партнери. Оваа инцијатива на НАТО ја гледам како поддршка на една позитивна реалност што напредува меѓу нашите две земји. Нормално, не се натпреваруваме во тоа чии се авторските права на оваа идеа, но важна е атмосферата во која се одвиваат односите меѓу РМ и Албанија, атмосфера што според мене ќе донесе позитивни резултати и во овој правец.
Досега конкретно е постигнат договор за можноста да има заеднички патроли во местата кои се посочени како главни точки за илегални преминувања.
Како што знаете илегалните активности се одвиваат во определени места и како почеток на тие региони ќе се фокусираат чуварите на границата од едната и другата страна, за на тој начин потоа се постигне целосната контрола на границата. Нормално ние знамеме дека постои илегална трговија што доминира над легалната. Во разговорите на релација Скопје -Тирана , договорено е да се преземат И други мерки, како на пример отворање на нови гранични премини со цел помалите трговци да не ризикуваат И да не ги прекршуваат законите на нивните земји, туку границата да ја преминуваат на легален начин.

Често се става паралела на тоа колку права уживаат Албанците во Македонија а колку Македонците во Албанија. Која е реалноста според вас?

Мислам дека се работи за обиди кој спаѓаат во категоријата на студената војна, се наоѓаат секакви чудни аргументи за да се оправдаат политиките на изолација, нападите врз соседните земји и.т.н. Нема права на Албанците или пак на Македонците. Има универзални права кои важат за сите. Овие универзални права веќе станаа наследство и дел на нашите народи. Не можеме да се занимаваме со такви филозофии, туку со почитувањето на вредностите кои се однесуваат на човековите, националните и верските права, на што работат не само нашите две земји и нашите дипломатии, туку и цивилното општество. Мислам дека ова е многу стара теза која не води никаде, а многу често ги заживува страстите кои потоа водат и до конфликти.
XS
SM
MD
LG