Достапни линкови

Конкретни луѓе и групации виновни за војната во екс Југославија


Вината за војните на просторите на бивша Југославија не лежи на вековниот етнички анимозитет на Балканот како што се сака да се прикаже туку на на конкретни луѓе и нивни групации кои ја потикнуваа омразата за остварување на сопствени цели. Ова во интервјуто за Радио Слободна Европа го изјави Џорџ Шулц американскиот државен секретар од времето на Регановата администрација, а сега професор и почесен академик на неколку Универзитети во Америка. Шулц вели дека при посетите на тогашна Југославија немал впечаток за етничка омраза. Тој го сугерира американскиот рецепт на изградба на зеднички интерес во државите со мешан етнички состав.

„Мислам видете во нашата земја имаме различни проблеми. Ние имаме најразлична етничка и верска структура на население во светот, бидејки луѓето тука доаѓаа од сите страни и бараа засолниште. Нашето минато е одбележено со тешки проблеми при регулирањето на односите меѓу најразличните групации. Ние успеавме да ги решиме проблемите со толеранција, уважување на различностите, но истовремено и со придобивање на луѓето за она што е заеднички интерес. На тој начин е создадена интегративната матица на општеството со чија сила се маргинализира влијанието на хушкачките сејачи на омраза како на пример Кју Клукс Клан и други. “

Поранешниот државен секретар Џорџ Шулц смета дека денеска американската надворешна политика е подредена на војната против тероризмот. Тоа е најголемо зло и вистински непријател кој мора да биде уништен , вели Шулц. Тој смета дека настаните од 11 – ти септември ја засилуваат суверената улога на државите во меѓународниот систем, сувереност која во извесна смисла еродираше во изминативе 30 години поради технолошките револуции и човековите права што не се внатрешна работа, се и Но државите вели Шулц и натаму пресуден фактор во меѓународниот систем и се виновни за последиците од дејствувањето на терористите како и самите терористи

„Државите би требало да имаат увид и да го контролираат она што се случува кај нив. Тие треба да бидат способни да воспостават контрола над случувањата и врз нивните актери. Поради тоа и натаму е неопходно да се зачуваат суверените области на државата.“

Државата, вели поранешниот американски секретар Џорџ Шулц за Радио Слободна Европа, е таа која им обезбедува слобода на граѓаните и која го гарантира редот и законот што не може ниту еден друг политички ентитет.
XS
SM
MD
LG