Достапни линкови

Позитивни чекори за евро интеграција


Балканските земји по втор пат за само неколку месеци со заеднички иницијатива да не бидат заборавени при прошрувањето на НАТО и ЕУ.

Македонија, Албанија, Југославија, Хрваска и Босна со заедничко писмо се обратија до ЕУ со барање на престојниот самит во Копенхаген, Унијата да даде појасни преспективи за интегрирањето на овие пет земји во европските институции. Претходно и на неодамншниот самит на НАТО во Прага Македонија, Албанија и Хрватска побараа североатлнтската алијанса во Брисел да ги смета за сериозни кандидти во следното поширување.


Ваквите иницијативи се позитивни смета професорот Димитар Мирчев:

„Тие барања се сосема легитимни и оправдани бидејќи моменталната состојба е така што тие земји се чувствуваат ставени на страна од досегашните критериуми за влез во Европската Унија.“



И меѓународното европско движење вели Мирчев додјде до заклучок дека ЕУ треба да им отвори препектива на овие земји:

„Федералниот совет исто така го разгледуиваше ова прашање и дојде до заклучок дека навистина треба да им отвори престижна перспектива на овие земјиа за влез во Унијата.“

Но, сепак потребно и пошироката европска јавност да ислезат со стртегија за помош на помалите земји за прилагодување кон европските стандарди потенцира тој:

„Меѓутоа, и со определување на некои рокови за влез во унијата, при што апсолутно ќе се води сметка за индивидуалните ефекти што секоја од тие земји ги остварува. Во Македонија е мошне раширено уверувањето дека треба да им се пружи колективна помош во надминување на тешкотиите што ги има.“
XS
SM
MD
LG