Достапни линкови

Решителна борба против организираниот криминал


Приоритет на оваа влада е справување со организираниот кримнал и другите видови на оваа негативна појва со која се соочуваше земјата изминативе години е ставот на Владата по вчерашната ракција на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ за приведувањето на заменик директорот на Агенцијата за приватизација Душко Аврамки кој се товари за вмешаност во спорната приватизација на НИП „Нова Македонија“.

Портпаролот на Владата Сашо Чолаковки вели доколку се утврди вмешаност на други поранешни или пак сегашни високи функционри во какви било незаконски процедури против нив ќе се поведе законска постапка

„Тоа не значи безглаво влегување во некакви апсења, тоа е многу смешна констатација. Владата, односно органите, судовите, обвинителството, МВР, се должни да преиспитаат секакви индиции за криминални однесувања, односно да подготват сериозни факти кои ќе ги предочат на обвинителството, по што следува преземање соодветни мерки, кривични пријави итн.“

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Марјан Ѓорчев вчера ја обвини владата за киднапирање на заменик директорот на Агенијата за Приватизација Аврамски

„Буквално беше киднапиран во латино-американски стил господинот Душко Аврамски, функционер на оваа држава, заменик директор на агенцијата за приватизација сеуште и одведен во непознат правец, што партијата ВМРО-ДПМНЕ успеа да го открие дури после 12 часа. На таков начин, со таква постапка се доведува во прашање смислата на вршење на одредена функција и смислата на претставувањето на македонскиот народ во институциите на системот.“

На ова владиниот портпарол Чолковски со одговор:

„Владата не може да киднапира, ако некој кога бил влада киднапирал тоа е веќе сосема друга работа. Инаку, генералната определба на оваа влада е да не се прават спектакли, да се апсат луѓе и виновни за некои дела, додека претходно не се направи солидна цврста доказна база врз која може да се обвини конкретниот сторител на некое кривично дело.“
XS
SM
MD
LG