Достапни линкови

САД и Ирак сеуште со различни тврдења


Ирак и Соединетите Американски Држави се позиционираат пред најавата на Багдад дека утре ќе достави изјава до Обединетите Нации во врска со неговите програми за оружје.

Портпарлот на Белата Куќа Ари Флејчер изјави дека Соединетите Држави имаат солидна основа да веруваат дека Ирак, и покрај тоа што нергира, поседува оружје за масовно уништување.

„Претседателот Буш вели дека Ирак има оружје за масовно уништување. Тоа го велат и Тони Блер, Доналд Рамсфелд, Обединетите нации, експертите. Ирак вели дека го нема. Вие можете да избирате кому да му верувате.“

Според Флејчер, претседателот Буш е многу задоволен од тоа што меѓународната заедница се согласува со него оти Хусеин претставува закана.

„Мислам дека сега товарот е врз Садам Хусеин. И неговата можност да ја сподели таа тежина доаѓа овој викенд кога тој ќе испрати декларација до Обединетите нации. Ќе биде инетерсно да се види што ќе има во тој документ.“

изјави Флејчер. Официјален Багдад веќе соопшти дека во декларацијата ќе биде наведено оти Ирак нема оружје за масовно уништување. Се очекува документот да биде внимателно испитан од експерти на Светската организација и на Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG