Како ќе влијае врз стабилноста на регионот извесното членство на Бугарија во НАТО?
Влијанието на тоа членство врз целиот регион на југо-источна Европа ќе биде исклучително позитивнo. Практично, се создава уште еден стабилен центар на безбедност и тоа е доказ дека демократските реформи се можни и се реалност во регионот. Tаква е и оценката на македонскиот претседател Борис Трајковски , министрите за надворешни работи, Илинка Митрева и за одбрана Владо Бучковски.
Дали оценувате дека Македонија може да ги исполни обврските за членство во НАТО до следното проширување?
Ние во Бугарија искрено веруваме и се надеваме дека Македонија ќе се справи со една таква тешка и сложена работа. Нашиот пример покажува оти се потребни големи залagawa. Не треба да се мисли дека тоа ќе се случи лесно и без усилби на политичката класа и на целиот народ. Главно е тие залагања да продолжат во две насоки - од една страна, развивањето на демократските процеси и принципите на пазарната економија, а од друга страна да се забрзаат реформите во армијата. Степенот на реализација на овие две насоки ќе ја покаже поготвеноста на Македонија за членство во НАТО. За реформите во бугарската армија беа потребни 7 до 8 години, а се надеваме дека Македонија тоа ќе го направи побрзо.
На кој начин Бугарија ќе и помага на Македонија во таа насока?
На прво место е лобирањето. Можам категорично да кажам дека македонските политичари и сите тие кои се залагаат за атланска интеграција можат да сметаат на целосна подршка од Бугарија вo сите институции од кои ќе зависи членството во НАТО. Уште поважно од лобирањето е експертската помош што без никакво одлагање можеме да и ја пружиме на Македонија.
Колкав е интерсот на македонските државјани последнава година за добивање бугарско државјанство?
Секој човек има право да го избира свото државјанство и да се самоопределува. Може да се каже дека Бугарија направи голем напредок во преговорите за членство во Европската Унија и бугарските државјани добија многу права што веќе ги поседуваат граѓаните на земјите членки на Унијата. Јас не можам да кажам што точно ги тера македонските граѓаните да бараат бугарско државјанство. Мене би ме интересирало да знам колку македонски граѓани побарале грчко или пак словенечко државјанство. За жал не можам да кажам колку македонски државјани последнава година побарале бугарско државјанство и колку од нив добилие, зашто амбасадата не располага со тие информации. Такви податоци ќе имаме следната година.