Достапни линкови

Бизнис и политички интереси зад многу штрајкови


Со исклучок на чистите работнички незадоволства, зад напливот на штрајкови што ескалираа последниов месец во голема мерка се кријат остварување на политички и бизнис интереси на поедини групи луѓе тврди социологот професор доктор Ило Трајковски.


„Во најголем број штрајкови има работничка терминологија, работнички барања, а зад тоа има партиски влијанија.“

По повеќегодишно наталожено работничко незадоволство со работниците релативно лесно се манипулира, тие се вадат на улица без претходно да се исцрпат сите синдикални инструменти за остварување на работничките права.


„Јас сум скептик во однос на капаџитетот на нашето работништво да организира вакви штрајкови, како на пример, ако задоцни платата за еден месец да се крева штрајк. Бидејќи нашето работништво долго време е обезглавено, тој капацитет го имаат само политичките орханизации.“

Водењето на популистичка политика од страна на синдикатот, може да преставува замка на која ќе се сопне оваа организација. Мора добро да се внимава, бидејќи ветувањата дека би се реализирале некакви работнички права по секоја цена па дури и таму каде нема основа претставува влечење на контрапродуктивни потези предупредува професор Трајковски.


„Мислам дека синдикатот бргу ќе сфати дека не е најбитниот фактор во игрите во Македонија.“

Работниците често не разликуват кој се работнички а кој акционерски барања, кој се правата и обврските на работниците, а кој на газдите и кој треба да им суди на виновниците, дали директно засегнатите или органите кој функционираат во институциите на системот.

„Доколку продолжи таквото однесување, тоа ќе оди на штета на работниците во овој историски момент, туку ќе оди на штета на општото синдикално и работничко организирање во Македонија.“

Во меѓувреме интензитетот на штрајкови продолжува со истото темпо, рударите и железничарите ги прекинаа протестите но од внатрешноста на државата стигнуват најави за запожнување на нови протести кој ќе се одвиваат во името на остварувањето на работничките права.
XS
SM
MD
LG