Достапни линкови

Штрајк и во Македонски железници


Се додека нашите барања не бидат исполнети ние ќе штрајкуваме. Целосната блокада на патничкиот железнички сообраќај е само најава во комплетното блокирање на железницата вели претседателот на синдикаотот на погон влеча Зоран Најдановски.

„Ќе продолжиме со штрајкот со целосна блокада. Возовите што ги пропуштивме – за превоз на жива стока и воените возови – сега за сега ќе одат, но доколку не се усвојат нашите барања, ќе направиме целосна блокада.“

А ние не бараме многу, само да ни се исплати заработеното, бидејќи без плата не се живее е ставот на работниците.

„Нашите барања се да ни се исплатат септемвриската и октомвриската плата, како и заостанатите придонеси за четири месеци наназад.“

Како главен виновник за моменталната ситуација во македонски железници се посочува екс директорот Владимир Соколовски. Малверзациите и нечесните зделки финансиски го истоштија ова претпријатие тврдат работниците. Кривична пријава против Соколовски е веќе поднесена информираат од синдикатот.

Неодамна назначениот директор ратко стефановски, го подржува штрајкот на работниците, но засега и неговите напори да стапи во контакт со ресорниот министер за транспорт и врски завршуваат без успех.

„Од страна на Министерството за сообраќај нам ни беше ветено дека со назначувањето на новиот директор ќе имаме финансиска помош за исплатата на плати, меѓутоа од сето тоа не излезе ништо.“

вели Најдановски.

Штрајкот во „Македонски железници“ е само еден од вкупно 16-те штрајкови што во моментов се случуваат во Македонија. Проблемот е што секој ден стигнуваат најави за започнување на нови протести на работниците.
XS
SM
MD
LG