Достапни линкови

Во ДУИ сметаат дека средба треба да има


Средба меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на државата Борис Трајковски треба да има сметаат во ДУИ кои бараат со претседателот да се договори застапеноста на Албанците во Националиот Совет за Безбедност, во преговарачкиот тим за името со Грција и во амбасадите и дипломатските претставништва.

Вицепремиерот Муса Џафери кој воедно е и генерален секретар на ДУИ за средбата Ахмети – Трајковски вели:

„Тоа треба да се случи бидејки што се однесува до меѓусебниот договор на коалициските парнери предвидено е во Советот за безбедност да членуваат двајца преставници на нашата партија но формално претседателот на државата е тој кој треба да не покани и го официјализира членувањето на нашпите преставници во советот,“

изјави Џафери .

Од кабинетот на претседателот велат Совтот за Национална безбедност ќе се формира на почетокот на идната недела, а претседателот претходно треба да реши кои ќе бидат тројцата надворешни членови, по што сигурно ќе дојде до средба меѓу нив и претседателот. Средба со Ахмети не е предвидена велат од кабинетот.

Додека што се однесува до преговарачкиот тим за името со Грција Муса Џафери изјави:

„Јас лично се изјаснив но и ДУИ истовремено бара политичките партии кој актуелно ја сочинуваат владината коалиција да бидат вклучени во преговорите за името, што не значи дека мора претставник на нашата партија да биде вклучен во тој тим туку Албанците треба да бидат дел од прегворите за името.“

Од ДУИ бараат да се испочитува и одредбата на Охридскиот Рамковен Договор за пропорционална и правична застапеност на Албанците во државните институции во конкретниов случај амбасадите и дипломатско конзуларните претставништва .
XS
SM
MD
LG