Достапни линкови

Повеќе докази за потврда дека Ирак нема оружје за масовно уништување


Шефот на инспекторскиот тим на Обединетите нации Ханс Бликс изјави во Советот за безбедност дека Ирак ќе треба да покаже уверливи документи или други докази доколку сака до осми идниот месец да биде потврдено дека не поседува оружје за масовно уништување. Ханс Бликс додаде дека очекува ирачките власти да презентираат повеќе информации отколку што тоа го сториле со претходната инспекторска мисија на Обединетите Нации, позната како УНСКОМ, а која беше повлечена од Ирак во 1998 година.

„Беа дадени многу бројки до УНСКОМ во минатото. Тоа не даде целосна сметка и сега тие треба да дадат подобри податоци. Тие ги имаат буџетите, ги имаат архивите, а не ние. Подобро е ако ни ги предадат.“

Според резолуцијата на Советот за безбедност одобрена во почетокот на месецаов, Ирак до осми септември мора да достави комплетна и прецизна листа на своите програми за оружје за масовно уништување како и каде тие се наоѓаат. Според Бликс, до крајот на годинава во Ирак би требало да има околу сто инспектори и помошен персонал. Инаку, Советот за безбедност одобри продолжување на хуманитарната програма за Ирак за само девет дена. Претходно, Соединетите Американски Држави се спротивставија на вообичаеното шестмесечно пролонгирање на оваа програма – позната како нафта за храна. Оваа програма е наменета за ублажување на последиците што врз ирачкото население ги предизвикуваат санкциите против режимот во Багдад. Вашингтон побара да биде проширена листата на забранети производи за Ирак. Тука посебно се наведуваат лековите кои, како што сметаат експертите, можат да бидат употребни за воени цели. Станува збор за вакцините атропин, лек кој може да се користи против нервните гасови, како и за големите колишества антибиотици што се користат за лекување од антракс.
XS
SM
MD
LG