Достапни линкови

Ветување дека петте случаи ќе бидат предадени на трибуналот


Заменик јавниот обвинител на Хашкиот трибунал Грахам Блуит денеска беше во Скопје, каде што остварил средба со официјални претставници на владата на која добил ветување дека петте случаи за кои е надлежен судот во Хаг ќе му бидат предадени на трибуналот. Тој рече:

„Утринава се сретнав со официјален претставник на земјава и има индикации дека одговор ќе следи до крајот на неделата. Досегашната соработка меѓу Хашкиот Трибунал и македонските преставници беше успешна и не гледам причина зошто тоа не би продолжила. Трибуналот поради обемноста на петте случи покрена барање за дополнителни финансиски средства за да се формираат тимови за истражување на наводните злосторства. Средствата веќе се обезбедени и се работи на комплетирање на тимовите што ќе бидат составени од правници, адвокати, аналитичари и други експерти. Се надевам дека тимовите ќе бидат комплетни веќе идниот месец а нивната работа би требало да заврши за 12 месеи со што до крајот на 2003 година доколку некое обвинение биде покренато тоа да стане и релност. Со дописот од 4-ти октомври до македонските власти се бара да се прекинат понатамошните истраги за петте случаи, а што се однесува да двете приведени лица лично сметам дека тие теба да бидат ослободени со кауција се до разгледување на случајот од страна на Трибуналот.“
XS
SM
MD
LG