Достапни линкови

НАТО и претседателот ги прифатиле сугестиите


Меѓународната кризна група денеска со толкување и со оценка на последните одлуки за Македонија на самитот на НАТО во Прага и за нивното значење за стабилноста и безбедноста на земјата.

„Иако Македонија нема да ја добие главната награда, односно членството во НАТО, сепак јасно е дека идното членство на Македонија во НАТО нема да претставува толкав проблем. Секако, под услов реформите да продолжат и да бидат успешни,“

рече регионалниот директор на меѓународната кризна група Николас Вајт. Тој истовремено заклучи дека пораките нотирани како приоритети во последниот извештај на кризната група за Македонија, како што е потребата од продолжено воено присуство и регионална соработка се прифатени.

Имено, меѓународната кризна група сугерираше испраќање помала мисија на НАТО во Македонија, додека европските сили не бидат подготвени да ја преземат, фокусирана на градење на довербата во поранешните кризни региони и помош во спроведувањето на реформите и обука на македонските безбедносни сили, што во основа се совпаѓа со профилот на мисијата што ќе ги наследи „Килибарните лисици“ по 15-ти декември.

„Се разбира дека сме многу задоволни, што се чини дека НАТО ги прифатил нашите препораки и ќе го продолжи присуството во земјата и по 15-ти декември.“

Истовремено беше препорачано и промовирање на Македонија како центар за регионална соработка. Иницијатива, што практично ја започна претседателот Трајковски во Прага.

„Исто така сме задоволни што се чини и претседателот Трајковски ги прифатил овие сугестии како што изјави вчера на самитот во Прага,“

оцени Николас Вајт.
XS
SM
MD
LG