Достапни линкови

Трајковски го поканил Буш да го посети регионот


Денеска на самитот во Прага дојде до куса средба на претседателите на Македонија, Хрватска и Албанија Трајковски, Мојсиу и Месиќ со американскиот претседател Џорџ Буш. Портпаролот на претседателот Борјан Јовановски за ова вели:

„Заложбата американскиот претседател Џорџ Буш да се сретне со македонскиот претседател како и со претседателите на Албанија и Хрватска, сметаме дека е заложба и уште еден мошне силен политички сигнал дека НАТО е спремен да го спроведе она што го одлучи овде на самитот во Прага, а тоа е што поскоро да помогне и на земјите кандидати кои овој пат не беа поканети за членство да го забрзаат процесот на реформите и да се прилагодат што поскоро на стандардите на НАТО и во наредниот круг на проширувањето да и се приклучат на алијансата. Од своја страна на кусата средба со американскиот претседател Буш, македонскиот претседател Трајковски побара американскиот претседател во најскоро време да го посети регионот и со тоа да ја демонстрира таа поддршка и не теренот.“
XS
SM
MD
LG