Достапни линкови

Претседателите за евроатлантските интеграции


Претседателите на Македонија, Хрватска и Албанија Борис Трајковски, Стипе Месиќ и Алфред Мојсиу на форумот во Радио Слободна Европа посветен на следната рунда на проширувањето на НАТО пред студентите во Прага и новинари од повеќе светски медиуми говореа за своите размислувања во врска со евроатланската интеграција. Претседателот Борис Трајковски рече дека Македонија ќе ги исполни стандардите на НАТО. Минатогодишниот конфликт беше голем тест но народот се стави на страната на мирот.

„Република Македонија се соочува со три клучни предизвици, да го приврши пред се процесот на безнедносна интеграција, второ да ја оживее економијата која претрпе многу од конфлктот и да го имплементира рамковниот договор со чие потпишување беше впрочем затворено и последното поглавје на војната во 2001 година. Неодамнешните парламентарни избори и пописот спроведен на мирен начин ја потврдија зрелоста на народот и одговорноста на политичките елити. Сега ново избраната влада треба да го искористи моментот и да ги исполни ветувањата што им ги даде на гласачите.“
Хрватскиот претседател Стипе Месиќ изјави Европа за прв пат се здружува врз база на интерес а не како во минатото од позиција на сила. Месиќ како и Трајковски и Мојсиу се залага за регионална соработка, заеднички пристап за членство во НАТО и отворени граници. Порано Франција и Германија војуваа за територии нешто што сега не е важно во Европската Унија.

„Сосема е сеедно дали од едната страна на границата е србин или тој се наоѓа на друга страна. Исто важи за Хрватите или Албанците.“

рече хрватскиот претседател Стипе Месиќ. Претседателот на Република Албанија Алферд Мојсиу во своето обраќање до учесниците на форумот рече дека Тирана не е обесхрабрена што не доби покана за членство во НАТО.

„Отворените врати се цврст сигнал за продолжување на реформите. Нато на Балканот останува витална неопходност.“

Албанскиот претседател ја потенцира важноста од регионалната соработка, а тројцата претседатели рекоа дека нивните земји Македонија, Албанија и Хрватска ќе соработуваат поблиску за да се кфалификуваат за следната рунда од проширувањето на НАТО.
XS
SM
MD
LG