Достапни линкови

Формирање сили за брза реакција


На самитот на НАТО во Прага ќе биде направено многу повеќе отколку што ќе бидат поканети нови членки. Алијансата треба да развие план за формирање 20 илјадни сили за брза реакција за борба против тероризмот. Од друга страна Европската Унија веќе е влезена во процес на изградба на вакви сили така што не е јасно дали овие сили ќе бидат меѓусебно комплементарни.

Покрај планираното проширување на самитот во Прага, Нато на 21 и 22 ноември гледа како на вовед во револуционерна ревизија на својата мисија за трансформација на одбранбената алијанса во сила која ке се бори против тероризмот и другите асиметрични закани ширум светот. Клучен дел од таа трансформација е креацијата на 20 илјадната сила за брза реакција која би била подготвена да дејствува и надвор од Европа. Станува збор за радикална промена на основната мисија на алијансата создадена 1949 за заштита на западна Европа од советската закана. Меѓутоа од друга страна Европската Унија е во подготовка на сопствени сили за брза реакција. Предводени од Франција европските земји се подготвуваат да распоредат 60 илјади свои војници следната година. Европските земји се членки и на НАТО и веројатно ке партиципираат во двете војски, но не е јасно каква ке биде поврзаноста. Според универзитетскиот професор од Питсбург и советник на Пентагон, Мајкл Бренер во случајов меѓу евроспките сили и планот на НАТО не постоји конфликт на интереси.

„Тоа што се сака е да се зголеми способноста за пристап до Соединетите држави и алијансата генерално за справување со потенцијалните закани како што се регионалните конфликти, тероризмот, проблематичните држави надвор од Европа. Со процесот се сака да се натераат европските држави да партиципираат во она што е навистина американски дизајнирана стратегија. Тоа е новата стратегија на превентивна акција.“

Каков степен на интерактивност меѓу двете сили и генерално меѓу безбедносните политики на Нато и Европската Унија ке има предизвикува поделби и во самата Европа. Франција сака Европа да создаде сопствен одбранбен идентитет. Британија, како најверен американски сојузник е за блиска поврзаност. Аналитичарите гледаат и дрги поделби. Новите членки на НАТО поранешните комунистички држави кои ја паметат Советската окупација се повеќе подржувачи на американските планови . Според Хелмут Соненфелд, поранешен член на Советот за безбедност на претседателот Ричард Никсон, Нато ке ги преживее овие тензии, но неговата судбина зависи од ефективното справување со ситуацијата.

„Нато ке треба да се прилагоди на фактот дека луѓето доаѓаат во алијансата, а некои се веќе таму, со различни интереси и безбедносни врски со Соединетите држави. Од друга страна во алијансата има стари членки кои се резервирани околу прашањето дали американците ја користат моќта во вистинска насока.“

Париз и Бон гледаат на Нато во функција на Обединетите Нации, вели советникот на Пентагон Мајкл Бренер, и додава дека во таа светлина може само да се надеваат дека Вашингтон ќе ги имплементира своите планови преку Нато каде што се оперира врз база на консензус.
XS
SM
MD
LG